„Тоблероне“ што се произведуваше 56 години нема да го има повеќе во продажба

Од:

Се прекинува со прозводство на швајцарското чоколадо Toblerone од темно чоколадо во пакување од 360 грама, што ги растажи оние кои сакаат ваков вид чоколада.

Портпаролот на американската компанија Mondelez, сопственик на Toblerone, потсети дека ова чоколадо се произведувало 56 години и призна дека споменатата одлука може да биде разочарувачка за некои. Не беше наведена причина за ваквата одлука, а претходно беше ветено дека ќе продолжи да се инвестира во Тоблероне.

Граѓаните во Велика Британија пред одлуката за откажување забележале дека во продавницата е тешко да се најде тоблероне од темно чоколадо, поради што веќе се претпоставувало дека повеќе нема да се произведува. Сепак, излегува дека нема да биде достапно ниту во остатокот од светот, пишува весникот Independent.

Монделез пред две години ја отстрани познатата швајцарска планина Матерхорн од опаковката на Тоблероне, односно постави модернизирано лого на планината. Задржани се мечката и потписот на еден од креаторите на оваа чоколадна лента, Теодор Тоблероне.

Ова се случи поради префрлање на дел од производството на ова чоколадо од Швајцарија во Словачка. Имено, швајцарските национални симболи не можат да се користат за промовирање на она што не се произведува исклучиво во Швајцарија. Продажбата на Toblerone започна во 1908 година во Берн.

Би можело да ве интересира

Кога антибиотикот повеќе не делува: Зошто антимикробната резистенција е проблем за сите нас?

Њујорк тајмс ги избра 100-те најдобри серии на 21 век: „Breaking Bad“ на прво место

Предраг Петровиќ

Хрватските бранители бараат забрана за Бајага, Илиќ и Брена

Предраг Петровиќ

Никол Кидман ги тргна периките и ја покажа природната коса – многумина изненадени

Предраг Петровиќ

Од стриминг до онлајн игри: како се менува дигиталната забава во Македонија

Синот на Синди Крафорд пред смртта објави снимка од лекувањето

Предраг Петровиќ