И покрај распространетото мислење дека Тејлор Свифт пишува песни само за поранешните момчиња, тоа, по се изгледа, не е така.
Свифт, која ја краси најновата насловна страница на Ролинг Стоун во секси издание, во интервју отрки дека нејзиниот албум 1989, постои песна за жена. Таа се вика „Bad Blood“, а се работи за колешка од музичките води која и била лажна пријателка.
– Со години не знаев дали сме пријателки или не. Направи нешто многу лошо и потоа сфатив дека ние сме всушност непријателки. Но, во прашање не беше момче, туку работа. Најмила дури и луѓе да се обидат да ме уништат, а знаете колку мразам конфликти. Сега постојано морам да ја одбегнувам и тоа е многу чудно и непријатно, искрено призна Тејлор.
Но, и понатаму не откри за кого се работи. Американските таблоиди нагаѓаат дека се работи за Селена Гомез.