Американската пејачка Тејлор Свифт ги осигура нозете на сума од 40 милиони долари.
Извор близок на пејачката за американските медиуми изјави дека Свифт била дури и малку посрамена кога разбрала колку нејзините нозе всушност вредат.
Пејчаката на овој вид осигурување се одлучила од причини што не сака да ризикува се што стекнала доколку наеднаш би престанала да биде во состојба да игра и настапува, пишува „Дејли Мејл“.
– Се чини како невројатна сума, но доколку и се случи нешто на нејзините нози, не би можела да настапува и нејзината 200 милиони вредна кариера би се довела под знак прашање, рече изворот и додаде дека пејачката била шокирана кога дознала колку нејзините нозе вредат.
– Таа мислеше дека таа сума изнесува околу милион долари, но сумата од 40 милиони ја шокираше, дури и малку ја посрами, откри извор близок на пејачката.
Тејлор Свифт во мај 2015 година оди на голема светска турнеја.