Техничар падна врз Лепа Брена, пејачката скрши нога и заврши на операција

Од:

Лепа Брена доживеа тешка повреда на вчерашниот концерт во Загреб, по што пејачката беше оперирана. Пејачката скрши ногата, а организаторите велат дека последните два концерта во Загреб се одложени.

Брена моментално е во болница, а се огласија и организаторите на нејзиниот концерт кои ги споделија деталите за несреќата. Во соопштението тие велат:

„За време на синоќешниот трет концерт на Лепа Брена во Арена Загреб, се случи несреќа поради која омилената регионална ѕвезда утрово го оперираше зглобот. Операцијата е успешно извршена и пејачката се чувствува добро. Несреќата се случила кога член на техничката екипа случајно паднал од бината во спуштен лифт и се здобил со полесни повреди, токму во моментот кога Лепа Брена го чекала своето појавување пред публиката и така се повредила. И покрај болката, Лепа Брена уште еднаш покажа неверојатна професионалност и беспрекорно изведе концерт до крај, носена од еуфоријата на публиката и желбата да не ги разочара своите обожаватели Овој храбар чин е само уште еден доказ за нејзината големина и посветеност музика и љубов кон фановите“, се вели во соопштението на организаторите на концертот и додаваат:

„Со оглед на процесот на опоравување, а по препорака на лекарот, најавените концерти кои требаше да се одржат денеска на 10 декември и 16 декември во Арена Загреб се одложуваат. Во име на Лепа Брена, нејзиниот тим и организаторите ви благодариме за разбирањето и поддршката!“, се наведува во соопштението на Екстра ФМ.

Би можело да ве интересира

Лепа Брена позираше за насловната на Vogue Adria во вилата на Тито

Предраг Петровиќ