Таа е најубавата фудбалерка на светот: Сите ја молат за фотографија на СП

Од:

Алиша Леман (24) мами воздишки на Мундијалот во женски фудбал. Според многумина, најубавата фудбалерка на планетата предизвика големо внимание. Швајцарската репрезентативка не настапи на натпреварот против Норвешка, но навивачите нетрпеливо ја чекаа.

Многумина од нив се симнаа речиси на теренот и побараа фотографија и автограм за спомен. Алиша излезе да ги пречека, се сликаше и даваше автограми, па на сите им го разубави денот. Таа во првото коло против Филипини во игра влезе од клупата, а во групната фаза Швајцарија уште игра со Нов Зеланд. Еден бод е доволен за пласман во осминафиналето.

Ѕвездата на Астон Вила е во центарот на вниманието каде и да се појави. На Инстаграм ја следат повеќе од 13 милиони луѓе.

„Пораснав во едно село во Швајцарија. Кога и да одам дома ме пречекуваат многу животни, коњи, кучиња, дома се е толку поинаку. Игравме фудбал на улица, кога ќе поминеше автомобил викавме и се поместувавме. Нормално беше, сега е поинаку. Таквите работи ми помагаат да останам приземјена“, изјави Алиша.

Таа ги коментираше и социјалните мрежи и огромниот број следбеници. „Мрежите никогаш не биле толку важни како сега. Многу работи се променија во женскиот фудбал, сега не прифаќаат, не поддржуваат, доаѓаат да не гледаат. Искрено најмногу ми значи кога мајка ми ќе ми каже дека се гордее со мене. Играм во Англија, го живеам мојот сон и сакам моето семејство да се гордее со мене и сите да бидеме среќни“, рече Алиша Леман.

Би можело да ве интересира

Познатa фудбалерка почина на 27-годишна возраст, причината за смртта не е објавена