Славниот режисер Стивен Спилберг одлучи да ја продаде својата луксузна јахта „Seven Seas“, бидејќи нејзината големина повеќе не му одговара.
Јахтата, која повеќе не ги задоволува високите стандарди на режисерот, е вредна околу 170 милиони евра, а долга 85 метри. Има огромен базен со стаклено дно, кое симулира изглед на кино-екран, простории за масажи, теретана, најскап мебел…
Меѓутоа, Спилберг порачал нова јахта која ќе чини 225 милиони евра и ќе биде подолга од сегашната за 5,5 метри.
Режисерот се одлучил на ваков чекор бидејќи сака да помине повеќе време крстарејќи со пријателите, па затоа му е потребенпоголем простор.