Сопругата на Џорџ Клуни тврди дека и се заканувале со апсење во Египет

Од:

Британско-либанскиот адвокат Амал Aламудин, експерт за човекови права и сопруга на познатиот холивудски глумец Џорџ Клуни, тврди дека „египетски функционери“ и се заканувале со апсење доколку допатува во Каиро.

Таа тврди дека таквите предупредувања ги добила при изработката на извештајот за состојбата со египетскиот правосуден систем и сугестиите тој да биде независен од политиката и власта.

Во нејзиниот извештај се критикува правосудството, инсистирајќи дека токму неговата состојба го објаснува апсењето и осудувањето на тројцата новинари за Ал Џезира, обвинети за поврзаност и врски со забранетото „Муслиманско братство“.

„Функционерот“, кого таа не го именува, ја предупредил да не доаѓа во Каиро, бидејќи може да биде уапсена доколку во нејзиниот извештај се „критикуваат армијата, правосудството и Владата“. Извештајот во меѓувреме беше објавен и никој не е уапсен.

Амал, која стана позната низ светот по нејзината гламурозна свадба минатото лето во Венеција со Џорџ Клуни, објаснува дека е ангажирна од Мохамед Фахми, првообвинет од тројцата новинари на катарската телевизија, осудени за тероризам во Египет.

Фахми ја ангажирал Аламудин да го застапува неговиот случај, незадоволен од работата на адвокатот што го има ангажирано Ал Џезира.

Тројцата дописници на оваа телевизиска компанија во Каиро беа уапсени во декември 2013 година за помагање на една терористичка организација.

Станува збор за „Муслиманско братство“, кое по соборувањето од власт на исламистичкиот претседател Мохамед Морси беше забрането, а потоа и прогласено за терористичка организација. Судот ги осуди новинарите на казни затвор од седум до десет години, а исламистите, како и разните либерални и левичарски групи во Европа и САД, тврдат дека станува збир за „политичка пресуда“.

Катар и Ал Џезира беа силно на страната на исламиститете, кои ја имаа власта по соборувањето на Хосни Мубарак, а оваа ТВ компанија во еден период беше единствениот медиум во Египет преку кој се следеше активноста на Братството, чии милитантни припадници, подоцна, започаа со терористичка активност против новиот претседател Ал Сиси.

Ал Џезира емитуваше специјална програма за Египет, која по апсењето на тројцата новинари беше префрлена во Катар од каде продолжи да се емитува. Пред десет дена катарската телевизија одлучи да го запре нејзиниото емитување поради приговорите на египетските власти дека таа е „исклучително антиегипетска“, но се верува дека тоа се направи по престојот на висока делегација од Катар во Каиро, во обид да се подобрат односите меѓу двете арапски земји.

Засега не се знае дали адвокатката ќе дојде во Каиро да го застапува Фахми ,поранешен шеф на дописништвото на Ал Џезира, но откривањето дека и се заканувале со апсење доколку го посети Египет доаѓа во време кога Апелацискиот суд во Каиро нареди ново судење на новинарската тројка. Родителите на осудените веќе побараа двајца од нив, кои се странци (едниот е Австралијанец, а Фахми има египетско-канадско потекло) да бидат протерани, додека адвокатите сугерираат тројцата да бидат помилувани од претседателот.

Амал пред неколку месеци објави дека ја застапува и Грција во нејзниот „спор“ со Британски музеј околу „Елгиновите мермери“ продадени на британскиот лорд Елгин, пред 200 години од тогашните Османлиски власти во Атина. Таа престојуваше во Атина при една посета за запознавање со случајот, која според атинските весници беше повеќе гламурозна отколку правно-корисна за грчката Влада.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ