Разделбата на познатата актерка Софија Вергара од нејзиниот доскорешен вереник Ник Лоеб имаше многу неразјаснети моменти, но сега Ник детално опиша што била главната пречка во нивниот однос.
Триесет и деветгодишниот публицист вели дека најплатента ТВ актерка била премногу фокусирана на кариерата, а не на семејството.
Во неодамнешното интервју за магазинот „In Touch“, Ник објасни дека глумицата, која веќе има син, била заинтересирана само за својата кариера, додека тој сакал да засноваат и семејство.
-Таа е толку фокусирана на својата кариера. Моето видување на животот е поинакво. Јас сакам да се оженам и да имам деца, рече Ник.
„Меѓутоа, јас ја разбирам. Таа е на врвот на својата кариера и токму како што и самата на неколку пати има кажано, го користи секој момент на слава бидејќи кој знае колку ќе трае“, додаде тој.
Ник кажа и дека Џо Манганиело, новиот дечко на Софија, е многу подобар избор за актерката.