Собори светски рекорд: Петгодишниот Огнен од Србија е најмладиот што го освои Килиманџаро

Од:

Огњен Живковиќ (5) од Србија го собори рекордот и стана најмалото дете кое стигнало до врвот на Килиманџаро.

Огњен Живковиќ од Рача Крагуевачка има само пет години, а го освои врвот Килиманџаро, највисоката планина во Африка. Тој е најмалото дете кое се искачило на оваа планина и стана, како што напишала неговата мајка Катарина, „новиот најмлад владетел на Африка на својот трон на височина од 5.895 метри“.

Ова дете од Србија го собори светскиот рекорд и го „симна од тронот“ момчето кое на шест години го освои Килиманџаро.

“Тој го собори рекордот на момчето Колтон Танер од Албакерки. На шестгодишна возраст, Колтон ја помина полесната патека Лемош за седум дена. Оги ја одеше патеката Машаме, која е потешка, и го “скрши” Килиманџаро за шест дена на пет години“, изјави мајката Катарина Живковиќ (28), фотограф.

Од љубопитност најдовме статија на Интернет за тоа како шестгодишно дете од Америка го освои покривот на Африка. Гледајќи ги видеата од тоа дете, сфативме дека нашиот син има подобри предиспозиции од тоа дете. Желбата да го освоиме Килиманџаро растеше секој ден, а ние трениравме и трениравме за нашето здравје и љубовта кон планините.

На крајот се пробивме, бидејќи сфативме дека навистина можеме. Нашиот син без проблеми освојуваше врвови над 3.000 метри во Јужен Тирол и поминуваше повеќе од 20 километри дневно. Сè му беше забавно и интересно. Љубопитноста која ја имаат децата му даваше сила. Неговата мотивација беа нашите убави разговори за природата. Тој никогаш не се жалел на замор, ниту јас“, изјави Зоран Живковиќ, доктор по медицина и татко на Оги.

Огњен своите први излегувања во природа ги имаше на тригодишна возраст во Баварската шума. По петтиот роденден го освоил Ртањ на потешката северна страна, спиел во шатор на 4 Целзиусови степени и утрото преку селото Морова се спуштил на јужната страна.

“Помина патека од 23 километри. Потоа ја освои Бељаница. Тогаш сфатив дека е роден за големи предизвици. Бидејќи јас како татко сакам алпинизам и планинарење, решив да го запознаам син ми во тој свет, каде што секогаш сме среќно изолирани од приземните глупости од секојдневниот живот“, изјави таткото на момчето за српските медиуми.

Би можело да ве интересира

Стотици пожарникари се борат со пожар на планината Килиманџаро