Слабеење со помош на акупунктура

Од:

Акупунктурата може предизвикува губење на килограми, бидејќи го стимулира хормонот што го потиснува апетитот, се наведува во една нова студија.

Античката кинеска метода може да им помогне на луѓето да изгубат и до 7,2 килограми за само два месеца. Со истражувањето е откриено дека 16 сесии со акупунктура се сосема доволни да се изгубат килограмите без драстични промени во диетата или рутината на вежбањето.

Истражувачите тврдат дека античката пракса со боцкање на игли во телото го стимулира производството на хормонот серотонин кој има голема улога во апетитот и го контролира расположението. Исто така, ги разбива маснотиите.

Во истражувањето учествувале 72 лица кои биле во категорија на дебели. Биле поделени во две групи – контролна и група во која осум недели биле подложени на акупунктура. Терапевтите се фокусирале на точки на абдоменот, долните екстремитети и ушите. Овие точки можат да го обноват и хармонизираат протокот на енергија во цревата, како и да ја трансформираат телесната течност и да го исфрлат слузот.

Групата која била подложена на третманот во просек изгубила по 2,47 килограми, додека едно лице изгубило 7,2 килограми.

– Ова истражување дава прелиминарни докази за ефекасноста и сигурноста на акупунктурата во контролата на тежината. Тоа нуди и истражувачка основа за идни клинички истражувања во насока на користење на акупунктурата во намалување на дебелината, рече Зонг Лидан, асистентка на Универзитетот во Хонг Конг.

Би можело да ве интересира

Црното кафе може да помогне при слабеење

Ана Ололовска

Совети за потенок струк

Ана Ололовска

Гладта ​​го подобрува чувството за мирис

Ана Ололовска

Ослабни со липо пакет и добиј подарок GE132

Ана Ололовска

Дебелината значително ја зголемува смртноста од Ковид-19

Катерина Ѓуровски

Огромна трансформација на американскиот актер: Имал 220 килограми, денеска е преполовен

Ана Ололовска