Синот на Ралф Шумахер се огласи по признанието на татко му дека е геј, откри и со кого е во врска

Од:

Поранешниот возач на Формула 1, Ралф Шумахер (48) јавно призна дека е хомосексуалец, а после се се огласи неговиот син Давид (22) кој го поддржа и му посака среќа.

Давид, исто како и неговиот татко, се занимава со автомобилизам и моментално е активен во ADAC GT Masters шампионатот.

По признанието на неговиот татко, тој самиот го коментираше неговиот статус на Инстаграм.

„Толку сум среќен што конечно пронајде некој за кој навистина можеш да кажеш дека многу се грижи да се чувствувате удобно и безбедно, без разлика дали се работи за маж или жена. Јас сум со тебе 100 проценти тато, ти посакувам се најдобро и ти честитам“, напиша Давид Шумахер.

Во исто време, германски RTL откри одредени детали за мистериозниот партнер на Шумахер.

Долгогодишниот пријател на Ралф и ТВ водителката Кармен Гајс (59) откри дека Ралф е во врска со маж по име Етјен веќе две години, а според информациите на RTL, Ралф и Етјен се запознале во Монако.

Тие двајца не се поврзани само со љубовна врска, туку и со деловно партнерство, бидејќи Етјен е генерален директор на Ралф и се грижи за неговиот бизнис (вклучувајќи ја и винаријата).

Сепак, не се познати многу детали за него. Иако сега можат јавно да ја покажат својата љубов, тие се многу резервирани за приватниот живот.

Етјен поретко објавува фотографии и е помлад од Ралф, но неговата точна возраст не е позната. Тој е Французин кој живее на југот на Франција и Јужна Африка, а на својот Инстаграм профил не го покажува само своето затегнато тело, туку и многубројните хоби.

Тој ужива во планинарењето со Ралф, оди во теретана, скија, плови и редовно ги посетува најголемите градови во светот. Со своите следбеници, меѓу другото, сподели фотографии од Париз, Лас Вегас и Сао Паоло.

Исто така, врз основа на објавите, забележливо е дека сака добра храна и вино.

Ралф претходно беше во брак со актерката и модел Кора Бринкман во периодот од 2001 до 2015 година, со која го има синот Давид.

Во текот на неговата кариера во Формула 1, тој настапи на 182 трки и победи шест пати со 27 пласмани на подиумот.

Би можело да ве интересира

Ралф Шумахер за своето момче: Некои работи не сум ги доживеал досега

Предраг Петровиќ