Актерот Шон Конери, преку својот портпарол, ги демантираше гласините дека боледува од Алцхајмерова болест.
Демантот следеше откако неговиот колега Мајкл Кејн, во неодамнешното интервју за германски Билд изјави дека познатиот глумец боледува од Алцхајмерова болест.
„Тој текст е бесмислица и навистина не сакаме да и придаваме важност на таа смешна приказна. Мајкл Кејн не бил правилно цитиран, а во истиот текст и напишале дека Конери живее во Шпанија, што не е вистина”, рече портпаролот на Конери.
Имено, Мајкл Кејн за Билд изјавил дека многу е загрижен за својот пријател и додал дека Конери го губи паметењето, што е претворено во наслов на текстот.