Шинид О`Конор тврди дека се предозирала: На никој не му е грижа ако умрам

Од:

Познатата пејачка Шинид О`Конор  веќе со години се бори со депресија, а вчера повторно ги загрижи милионите фанови ширум светот, откако на Фејсбук објави проштална порака, тврдејќи дека се предозирала. 

Во загрижувачката порака го обвини нејзиното семејство дека и го свртеле грбот и дека самоубиството е единствен начин на кој може повторно да стекне почит.

– Се предозирав. Нема друг начин повторно да стекнам самопочитување. Не сум дома, во хотел сум, некаде во Ирска, пријавена под друго име. Ако не го пишувам сега ова, моите деца и семејството тоа не би го знаеле. Би можела да бидам мртва веќе со недели и тие не би знаеле, напиша таа во друга порака каде вели дека „последните две ноќи и биле најтешки“.

– Толку сум ужасна мајка и личност, што сум сама. Плачам веќе со денови, додаде таа, спомнувајќи дека и е посебно тешко откако се подложи на хистеректомија во август оваа година.

Во претходните постови, исто така, напиша дека и е тешка одвоеноста од децата и дека за нејзината тешка состојба е виновна музиката и заради тоа трајно се повлекува од музичката индустрија.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ