Шест илјади луѓе се поканети на свадбата на помалата ќерка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која ќе се одржи на 14 мај во Истанбул, пишува „Хуриет“.
Ќерката на Ердоган, Сумеје, ќе се мажи за Селчук Бајрактар, син на турскиот бизнисмен Јоздемир Бајрактар, сопственикот на компанијата за производство на безпилотни летала.
Меѓу гостите на свадбата ќе биде и премиерот Ахмет Давутоглу.
Свадбената церемонија ќе се одржи во културниот центар „Јахја Кемал Бејатли“.
Во поканата е посочено дека ги замолуваат гостите наместо букет цвеќе за нив да донираат пари за турските вооружени сили во фондот за поддршка на турската полиција.
На церемонијата ќе биде прикажан документарен филм со слики на младоженците од нивните детски години па се до денес и со мислења за нив од нивните блиски пријатели и членови на семејството.
Сумеје е најмладата од четирите деца на Ердоган. Родена е во 1985 година во Истанбул, учиела во САД социологија и политички науки, а потоа заврши магистерски студии за економија во Лондон.