Во желба да го промовира својот нов албум, Шер последните неколку дена се труди да биде во центарот на вниманието на медиумите.
Покрај со промоција на песните, таа се обидува да привлече внимание на сите можни начини, па дури и со контроверзни изјави за колегите.
Така, одговарајќи на новинарско прашање за односот со Мадона, 67-годишната пејачка и актерка изјави дека никогаш не ја мразела.
– Никогаш не ја мразев, само мислев дека е кучка. Неа особено ја почитувам. Мислам дека таа е една од најневеројатните уметници кои некогаш сум имала можност да ги видам. Не сакам се што работи, но таа секогаш е на врвот. Секогаш е трендсетер и има фантастични спотови, објасни Шер.
Во 2012 година Шер на својот налог на Твитер напиша: „WTF is MDNA?“, што предизвикало бес кај бројните фанови на Мадона.