Шарлиз Терон и Шон Пен се соочија со обвинување за малтретирање дете

Од:

Шарлиз Терон и Шон Пен беа принудени да се соочат со полицијата, по обвинувањето на еден очевидец кој тврдел дека тие го малтретирале двегодишниот син на актерката, Џексон.

Тие, сепак, како што јавија американските медиуми, набрзо биле ослободени од обвинението.

Познатата актерска двојка била на пешачење во паркот „Васкез Рокс“ во јужна Калифорнија, кога еден очевидец повикал полиција затоа што посвоениот син на Шарлиз почнал да вриска.

Сведокот тврди дека се обидел да го сними целиот инцидент, но актерката наводно се впуштила во расправија со него, по што тој не успел во неговата намера.

Полицијата пристигнала набрзо и констатирала дека малиот Џексон само бурно реагирал на изречената родителска казна, така што Шон и Шарлиз нема да бидат кривично гонети.

Терон го посвои Џексон во 2012 година и од тогаш нејзините пријатели имаа само пофални зборови за нејзините воспитни методи.

Со Шон Пен актерката почна да се забавува во јуни оваа година, а се претпоставува и дека тие се веќе свршени.

Пен со претходната сопруга, актерката Робин Рајт, има две деца. Иако е познато дека има проблем со контрола на својот бес, Пен досега никогаш не бил обвинет за малтретирање деца.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ