Судот во Лос Анџелес вчера ја отфрли тужбата за убиство од небрежност која семејството на починатиот крал на поп музиката Мајкл Џексон ја поднесе против неговиот концертен промотор „AEG Live“.
Семејството на Џексон тврдеше дека AEG, организатор на повратничките концерти на кралот на поп музиката го ангажирал кардиологот др. Конрад Мареј за здравствената состојба на Џексон, а пред тоа да не се консултирал дали лекарот воошто е квалификуван за таа работа.
Меѓутоа, судот ги отфрли нивните обвиненија, додека поротата наведе дека не верува дека др. Мареј бил неквалификуван или неподготвен за работа кој ја прифатил, јави „Индепендент“.
Тоа фрли нова сенка врз смртта на кралот на поп музиката, извлекувајќи го повторно на површина прашањето: „Кој е виновен за смртта на Џексон?“
Мајкл Џексон (50) почина во 2009 година во Лос Анџелес од преголема доза на анестетик. Др. Мареј, кој се грижеше за пејачот додека тој се подготвуваше за серијата педесет повратнички „This is it’ концерти, е осуден за убиство од небрежност во 2011 година.
– Не можам да бидам позадоволен отколку што сум сега, откако е објавена пресудата. Се што рековте во целост е точно, изјави за медиумите адвокатот Марвин, С. Патнем, застапник на промоторот „AEG Live“.
Во кусо обраќање до медиумите мајката на Џексон, Кетрин рече дека се чувствува добро после пресудата и покрај, според нејзино мислење, поразителната одлука.
Судењето траеше повеќе од дванаесет недели. Иако во прашање беше само „случајот Џексон“, американските медиуми известуваа цело време за случајот како удар врз суровиот систем на работење во шоу-биз индустријата.
Пред две години судот пресуди дека Џексон добил фатална доза анеститци „пропофол“ од страна на др. Мареј, кој доби пресуда од две години за убиство од небрежност. Иако употребата на овој лек е ограничена на болничко лекување, Џексон бил исцрпен од вежбање за 50-те распродадени концерти во Лондон, па наводно го молел докторот да му даде лек за да заспие, што тој тоа и го направил.
Билетите за повратничките концерти на Џексон беа распродадени во рекорден рок, а на сите кои ги купиле, парите им се вратени уште во 2009 година.