Канадската поп-ѕвезда Селин Дион изјави дека ги прекинува сите професионални активности и ги откажува турнеите и концертите во Азија и во Лас Вегас.
Ова бидејќи сака целосно да му се посвети на болниот сопруг и на семејството, се наведува во соопштението.
Рене Анжевил (72), сопруг на пејачката оперираше тумор на грло во декември минатата година.
Селин Дион (46) е најголема музичка ѕвезда во Канада, а нејзините албуми на француски и на англиски јазик се продаваат ширум светот во повеќе од 200 милиони примероци.