Седмиот „Вино-Скоп“ од 16. до 20. октомври

Од:

Седмиот фестивал на виното „Вино-Скоп“ ќе се одржи од 16. до 20. октомври на плоштадот „Македонија“. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 500 видови вино, македонски и странски. Повеќе од 20 винарии ќе се претстават на годинашново издание.

– Овој настан ја збогатува туристичката понуда на Град Скопје и овозможува посетителите да уживаат и во богатата музичка програма, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Ги повика скопјани да ја посетат оваа манифестација и да се дружат.

Vinoskop-pres (1)

Град Скопје, како што рече, сака да го промовира виното како македонски производ бидејќи Македонија е земја на виното и е со богата многувековна традиција.

Организаторот Фимка Шопова Темова информира дека музичката програма на фестивалот претежно се состои од естрадни уметници од Македонија, Драган Мијалковски, Јаков Дренковски, Владимир Четкар, Бојана Атанасовска, Бени и Нон Стоп, Тумбао Салса Бенд,  Кристина Арнаудова… Ќе настапат гости од Хрватска, музичко трио од Кипар и бенд од Италија. Ќе има етно, џез, македонски евергрини…

Microsoft Word - mvr-vinoskop.rtf

– Годините покажуваат дека интересот за македонското вино е се поголем, не само на фестивалот во Скопје, туку и надвор од Македонија, истакна Шопова Темова.

Посетителите од Вино-скоп продавниците ќе можат да купат беџ, магнет, маица или блузон. Ќе можат да купат чаши на продажните места, по симболична цена. Продажбата на сите производи на фестивалската територија ќе се врши со фестивалски бонови, т.е. вински денари. Најевтиното наливно вино ќе чини 50 денари.

mapa-vinoskop2013.ai

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почна „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска