Актерот Ли Томсон Јанг, кој глумеше главна улога во филмот на Дизни „The Famous Jett Jackson“ е пронајден мртов во изнајмен стан во кој живеел во Лос Анџелес.
Ли Томсон Јанг (29) се застрелал, а не се познати причините кои го наведоа на тој очајнички потег.
Неговото тело е пронајдено откако актерот не се појавил на снимањето на серијата Rizzoli Et Isles, каде го глумеше детективот Бери Фрост.
Потпаролот на актерот во објавата потврди дека тој се убил, пишува ТМА.
Освен по филмот The Famous Jett Jackson и серијата Rizzolt et Isles, Ли Томсон Јанг беше познат и по улогата во филмот Friday Night Lights.