Се разведува Никол Кидман после 19 години брак

Од:

Актерката Никол Кидман и нејзиниот сопруг Кит Урбан се разведуваат по 19 години брак, објавува TMZ.

Двојката не живее заедно од почетокот на јули, а актерката постојано се грижи за нивните две деца.

Тој понатаму наведува дека одлуката била еднострана и дека Никол не сакала развод и се обидела на секој начин да го спаси бракот.

– Кит си основал свој дом во Нешвил и се иселил од семејниот дом – вели изворот.

Кит и Никол се во брак 19 години и имаат две деца, на возраст од 14 и 17 години.

Познатата австралиска актерка претходно беше во брак со холивудската легенда Том Круз, со кого има две посвоени возрасни деца – ќерка и син.