Сметањето на времето по Маите завршува на 21 декември 2012 година, што кај помали групи на луѓе се пробудува страв дека тогаш ќе се случи голема катастрофа. Еден од нив е и Рон Хабард, кој во Монтебел (Калифорнија) направил комфорен блиндиран подземен бункер со кожна софа, плазма телевизор и дрвен паркет.
Хабард произведува хај-тек подземни „рекреациски засолништа од бомби“, а минатата година работата му процвета – продавал од едно засолниште месечно, па дури до едно дневно. Комфорните бункери за заштита од бомби, нуклеарни остатоци и хемиски оружја имаат кревети, кујни, тоалети па дури и камини, а просечната цена им е 75.000 долари.
– Се подготвувам да слезам во моето засолниште на 21 декември кога веќе го имаме, а ако кој било од нив од астрофизичарите е во право, би се чуствувал многу глупаво тоа да не го направам – рече Хабард. Тој дополни дека астрофизичарите веруваат оти постои можност дека ќе нè погоди силна ерупција на Сонцето или силно радиоактивно зрачење.
– Ќе поминам три дена под земја за да бидам на сигурно. Ако имате бункер и вие треба тоа да го направите. Не верувам дека нешто ќе се случи, но никогаш не се знае – рече Хабард. Неговите цилиндрични засолништа имаат површина од 45 квадратни метри, должина 15 метри и ширина три метри. Имаат и резервни излези од вратите, кои се отвораат само од внатре, како и херметички затворен простор за деконтаминација меѓу влезовите и просторијата во која се живее.
Хабард рече дека почнал да прави засолништа зашто и сам сакал да има едно, но не бил подготвен да издвои за тоа меѓу еден и два милиона долари. Освен луѓето што се плашат од катастрофа, меѓу неговите муштерии се и ловците што ги користат како ловџиски куќички, како и оние што во нив планираат да ги поминат викендите.