Токму кога изгледаше дека Џастин Бибер конечно свртел нова страница и целосно и се посветил на Селена Гомез, настанаа нови проблеми.
Познатата пејачка конечно одлучи љубомората да ја остави зад себе и да престане да се грижи, но веќе се поставува прашањето дали тоа е вистнската одлука?
Се испостави дека канадскиот пејач и натаму е во контакт со својата поранешна девојка, манекенката Јована Вентура.
Таа на 9 септември прво минала некое време кај Бибер, а потоа пејачот ја испратил на њујоршкиот моден настан Фешн вик.
Потоа заминал за Лас Вегас за да се најде со Селена, која не знаела што се случило претходно.
Младиот пар две недели отворено ја покажува својата љубов, а пејачот неодамна и предложи на Селена да почнат да живеат заедно. Но таа од внимателност одлучи да ја задржи својата куќа.