Сајмон Ковел: Се срамам што ја украдов жената на мојот најдобар пријател

Од:

Сајмон Ковел не се гордее со фактот дека ја украл жената на својот најдобар пријател и таа останала бремена од него. Поради тоа тој мора да оди со наведната глава, изјави во интервју за „Сандеј ивент“.

Сајмон и Лорен почнале да се забавуваат уште во 2009 година, додека таа била во брак со милијардерот Ендрју Силверман. Откако се дозна за нивната афера животот на Ковел се променил, а во 2013 го добија и синот Ерик. Сајмон изјави дека тоа не е нешто што го планирале, но кога го видел детето на ултразвук во него нешто се променило. 

– Нешто ме погоди. Се почувствував неверојатно заштитнички кон нив. Претходно не го познавав тоа чувство, изјави Ковел. 

Иако не менува пелени и не приготвува млеко, Сајмон вели дека татковството го променило до непрепознатливост. 

– Го обожувам својот син. Се смееме еден на друг. Си играме со кучиња. Го научив да споделува, да рече молам и благодарам. Се што има тој ми нуди, вели гордиот татко.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ