Руперт Гринт кој го глуми Рон Васлеј во „Хари Потер“ откри, дека славата не му донела само позитивни работи.
Британскиот актер истакна дека тоа што се прославил уште како дете влијаеше на неговите односи со пријателите, како и љубовните врски.
– Многу често се грижев дали тој однос е искрен. Секогаш се преиспитував. Се сомневав дека некој има скриени мотиви затоа што се дружи со мене. Освен тоа, често поради снимање изостанував од училиштето, па секогаш ми беше чудно кога се враќав во училиште. Некои пријатели со текот на времето ги изгубив, рече Руперт.
Руперт рече дека многу често го заменуваат со популарниот пејач Ед Шеран.
– Често ме заменуваат за Ед. Ми приоѓаат и ми честитаат на успехот во музиката. Комично е тоа што некогаш тоа го права луѓе од шоубизнисот, рече Гринт.
Тој се појави и во видеоспотот на Шерон „Лего хаус“.