Еден од најголемите фудбалери на сите времиња влегува во светот на Холивуд, пренесуваат странските медиуми.
Ова екскурзија во актерските води не е ненадејна. Уште во 2018 година, кога беше на врвот на својата фудбалска кариера, Роналдо јавно ја изрази својата желба да се обиде во глумата, по пензионирањето.
Искуството од бројни рекламни кампањи, како и познавањето на португалскиот, англискиот и шпанскиот јазик, само ја поттикнаа неговата уметничка љубопитност.
Се чини дека продуцентите на франшизата „Брзи и бесни“, која се приближува кон своето големо финале, препознаа актерска ѕвезда во Роналдо.
Актерот Тајрис Гибсон, кој објави фотографија на својот X профил која веднаш стана вирална, потврди дека не станува збор само за гласина.
На фотографијата, ѕвездите на филмот: Вин Дизел, Двејн Рок Џонсон, Џејсон Стетам, Мишел Родригез, Лудакрис и самиот Гибсон позираат со Роналдо.
„Добредојдовте во семејството“, пишува под фотографијата.
Ова ги разјасни сите сомнежи, особено откако Вин Дизел неодамна наговести дека сценариото вклучува лик напишан специјално за португалскиот фудбалер.
