Дејвид Рокфелер не само што беше најстариот жив милијардер, туку и веројатно најпознатиот и најспомнуваниот. Овој ексцентричен човек, банкар и филантроп беше повеќе од обичен богат човек. Имаше голема моќ и влијание во текот на целиот живот, како на полето на политиката, така и во уметноста и образованието.
Тој беше претседател на Музејот на модерна уметност и ја водеше кампањата да ги натера корпорациите не само да купуваат и прикажуваат уметност во нивните згради, туку и да ги поддржат локалните музеи.
Дејвид Рокфелер беше познат и по својата филантропија, оставајќи 225 милиони долари на Фондацијата „Браќата Рокфелер“, фондација која промовира глобални општествени промени. Тој, исто така, даде 100 милиони долари на Музејот на модерна уметност, чиј коосновач беше неговата мајка, Абигејл Грин Олдрих Рокфелер, во 1929 година, како и на Универзитетот Рокфелер, објави Блумберг. Тој, исто така, му даде на Харвард донација од 100 милиони долари во 2008 година. Од 2016 година, Дејвид Рокфелер имаше проценета вредност од повеќе од 3 милијарди долари.
Меѓутоа, и покрај сето добро што го правел, се вели дека неговите очи биле полни со зло и дека кај луѓето предизвикувал страв.
“Тоа е вид на поглед што прави крвта да ви се смрзне во вените. Во него чувствувате зло, многу зло. Дури и кога помина покрај нас, на половина метар од местото каде што седевме. Кога го видов, кога го видов тоа лице, ми пролазија морници низ телото. Тој можеше да создаде таква атмосфера околу него и кога седеше на масата, го видов сето студенилото во неговите очи. Тоа беа мртви очи, напиша новинарот Дејв Дерби по средбата со Рокфелер.
Вакво нешто не е чудно со оглед на неговата темна страна, која не се ни обидувал да ја сокрие во текот на животот. Познато е дека бил опседнат со вечниот живот, а починал кога имал 101 година.
Сакаше да живее 200 години
На 99-годишна возраст ја направил шестата трансплантација на срце, бидејќи сакал да живее најмалку 200 години.
“Секогаш кога добивам ново срце, тоа е како низ моето тело да тече нов здив. Се чувствувам подмладен и полн со живот”, им се пофалил Дејвид на новинарите само 36 часа по операцијата, додавајќи:
„Заработив многу пари во животот, но поголемиот дел ги дадов. Нема смисла тие пари да ги чувате само за себе“, рекол Рокфелер кој бил полн со оптимизам, желба и надеж дека ќе успее да живее два века. Меѓутоа, смртта го изненадила на 101 година.
Инаку, покрај трансплантација на срце, милијардерот преживеа и две трансплантации на бубрег, а се шпекулираше дека милијардерот купувал органи на црниот пазар, иако тоа никогаш не беше потврдено.
Рокфелер имаше шест деца, од кои најмногу ја сакаше неговата ќерка Ајлин Рокфелер, која откри некои детали од нејзиниот живот и воспитување во мемоарите „Being a Rockefeller, Becoming Myself“ во 2013 година. Ајлин е најмладата ќерка на Дејвид Рокфелер и Маргарет Пеги Мекграт, а во 2017 година во едно од ретките интервјуа откри дека и двајцата родители силно влијаеле на неа, секој на различен начин.
Во 2017 година, Ајлин разговараше со новинар од порталот „Јутарњи.хр“, признавајќи дека нејзината омилена фотографија од детството на која татко ѝ ја држи во раце, всушност била исечена од поголема слика на која нејзината мајка Маргарет била покрај Дејвид Рокфелер.
„Мајка ми беше како сонце, насмеана и весела. Но потоа следеа нејзините мрачни моменти. Стануваше отсустна и лута. Навистина сум сигурна дека депресијата на мајка ми го засили чувството на инфериорност што ме прогонуваше во текот на мојот живот, иато така и моите браќа и сестри“, рече оваа 72-годишна жена.
Од друга страна, таа има убави спомени за нејзиниот татко Дејвид. Според Ајлин, тој бил личност со ведар карактер. Иако во детството воглавно отсуствувал, таа чувствувала посебна топлина и пријателство кое траело меѓу нив до последниот ден.
Дури и во неговите поодминати години, тие двајца се гледаа секогаш кога таа ќе дојдеше во Њујорк. “Тато секој пат ме носеше на некое убаво место. Се облекуваше убаво и нарачуваше одбрани вина. И покрај годините, тој остана џентлмен. Очигледно, луѓето не се менуваат”, истакна таа.
Ајлин вели дека не и било секогаш пријатно што е член на едно од најбогатите и најпознатите семејства во светот. „Не е лесно да се чувствуваш важно кога твоето семејство ја поставува границата толку високо“, откри оваа наследничка во 2017 година.