Род Стјуарт прогласен за британски „сер“

Од:

Ѕвездата на британската поп и рок музика, Род Стјуарт е одликуван во чест на 90-от роденден на британската кралица Елизабета Втора и промовиран во нов „сер“.

Одликувањето му се доделува по повод неговите 50 години музичка кариера и за придонесот што го има дадено за британската поп и рок музика во изминатите децении.

Стјуарт (71) од сега ќе го носи официјалното име сер Родерик (вистинсокто име на Род) и тој со одликувањето и со титулата се изедначува меѓу другите, со Пол Макартни, Елтон Џон, Том Џонс и Мик Џегер.

Род Стјуарт има продадено над 100 милиони албуми низ целиот свет, но учествувал и во бројни хуманитарни проекти и организации.

Во досегашната кариера има направено 62 хитови, од кои шест пати бил „број еден“ на британската топ листа.

Познат е и по неговиот бурен љубовен живот, откако петпати беше во брак и има осум деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Расположениот Род Стјуарт направи урнебесно шоу во извлекувањето за Шкотскиот куп

Наум Локоски