Род Стјуарт не зборува низ дома за да го чува гласот

Од:

Британската рок ѕвезда Род Стјуарт е толку многу посветен на сочувувањето на неговиот засипнат глас, кој го прави сосема различен од другите пејачи, па дури и молчи додека е во својот дом.

Рокерот, кој сега има 70 години, за лондонските таблоиди изјавил дека е параноичен околу неговиот глас и правам се за да го одмара.

– Моите деца често прашуваат зошто не зборувам, а мајка им, обично им вели, тато не може сега да зборува, затоа што работи, открива Род Стјуарт.

Прославената музичка ѕвезда вели дека неговото најмало дете, веројатно мисли дека татко му онемел.

– Но, гласот е мојот инструмент и на него гледам како на вистински скапоцен камен во круната„ признава Стјуарт, кој и натаму одржува концерти и турнеји.

Тој тврди дека не е воопшто исплашен од можноста во еден момент да се пензионира и вели дека тоа ќе се случи кога ќе почувствува дека е „премногу стар“ за да биде и натаму на сцената.

– Засега се е во ред, па додека мојот глас функционира јас ќе бидам таму (на сцената), порачува Стјуарт, забележувајќи дека имал среќа што се уште е во добра кондиција.

Род Стјуарт е татко на осум деца од неколку бракови и врски. Сега е во брак со поранешниот фото модел, 44-годишната Пени Ланкастер.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ