Актерот Робин Вилијамс дефинитивно сам си го одзел живот.
-Смртта на г-дин Вилијамс настапила како последица самоубиство, без надворешно мешање. Експертизата покажа и дека тој не употребил алкохол или дрога, следствено посегнал по својот живот во сосема јасна свест, соопштил иследникот од округот Марин, Калифорнија.
Робин Вилијамс почина на 64-годишна возраст на 12 август годинава.
Актерот беше пронајден мртов во својот дом во калифорнискиот град Тибурон, обесен на појасот.
Неговите пријатели и колеги сведочат дека Вилијамс страдал од депресија предизвикана од зависноста кон алкохолот и финансиски проблеми.
Низ годините актерот на два пати пристапил во специјализирана клиника за да се бори со алкохолната зависност.
Цели 13 години тој не пиел алкохол, се до 2013 кога повторно и се враќа на зависноста. Неговата сопруга Сузан Шерон откри дека Вилијамс имал и Паркинсонова болест во ран стадиум.
Вилијамс има добиено “Оскар” за споредна улога во “Добриот Вил Хантинг” (1998) и беше 5 кратен добитник на “Златен глобус”.
Актерот беше познат главно како комичар, но една од најзапаметените негови улоги беше драматична – на професорот по англиска литература во ремек делото “Друштвото на мртвите поети” (1989).