Според најновите информации кои што ги обелодени полицијата, комичарот Робин Вилијамс се обесил со каиш, додека неговата сопруга спиела во соседната соба.
Актерот последните часови од својот живот ги поминал во одвоена спална соба, сам и депресивен. Од полиција велат дека нема да даваат коментар на фактот, како ни одговор на прашањето дали Робин зад себе оставил проштално писмо.
Неговата сопруга Сузан Шнајдер последен пат го видела во недела околу 22:30 часот, по што заминала во својата соба.
Куќата ја напуштила во понеделник околу 10:30 часот мислејќи дека нејзиниот сопруг уште спие.
Телото на Вилијамс го пронашла неговата лична асистентка околу 11:55 часот, бидејќи не одговарал на нејзините повици. Постои верување дека тој до тогаш бил мртов веќе 12 часа.
Актерот имал и површинска рана од внатрешната страна на левиот зглоб, а во близина е пронајден и џебен нож со крв. Самоубиството на Вилијамс е последица на повеќедецениската битка со депресија и зависноста од алкохол и дрога. Минатиот месец тој уште еднаш се пријавил на клиника во Минесота, наводно од превентивни причини.
Е. Г.