Ријана за маникир платила дури 7.500 евра. Таа за време на одморот на Сардинија посакала да ја смени бојата на лакот за нокти, а бидејќи не сакала да оди во било кој салон, ја повикала својата маникирка да и дојде во Италија.
Ѕвездата од Барбадос на козметичарката и платила авионска карта, сместување во луксузен хотел и услугата. После завршениот третман пејачката била презадоволна од црвената боја на гелот и кристалите кои освен ноктите и ги краселе и дланките.
„За невообичаен и совршен маникир никогаш не ми е жал да дадам многу пари“, рекла Ријана, која е на одмор со пријателките.
Девојките најмногу време минуваат на јахта, но и на вечерни излегувања.