Црногорската полиција распиша локална потерница по старлетата Сораја Вучелиќ (29) која се бара во рамките на истрагата за убиството на Армин Муша Османагиќ од Бар.
Во потерницата пишува дека таа се бара заради собирање на докази, но и дека прикривала важни докази во тој предмет.
Старлетата и манекенка сакаат да ја видат во полицијата во Бар поради тоа што нејзиниот исказ не се совпаѓа со другите докази. Неа во Белград ја сослушаа тамошни инспектори за тој случај уште во октомври.
-Точно е дека ја барама, но таа е недопстапна. Сакаме да и поставиме некои прашања важни за истрагата. Нејзиниот исказ во Белград има многу „дупки“ па сакаме да расчистиме некои работи, вели соговорник.
На денот кога Османагиќ со снајпер е усмртен пред својот ресторан „Савоја“, старлетата непосредно пред тоа седела во летната бавча.
Сораја седела на маса со две пријателки, но си заминале пред од далечина да биде испукан смртоносниот куршум во Османагиќ. Поради тоа полициајта побарала од колегите во Белград итно да ја сослушаат Сораја, но на тоа до тогаш се чекало зошто старлетата била на Малдиви.
По враќањето, тврдела дека не знае многу за случајот, освен дека Османагиќ го познава од Бар и дека тој ден од него требало да преземе скапоцен „масерати“ за снимање на спот во Црна Гора.
Инспекторите од Бар ги интересираат контактите на Сораја со Османагиќ но и тоа што правела на море, со кој се гледала, како и дали имала некои сознанија за планирањето на ликвидацијата. На инспекторите ќе им биде важно Сораја да им појасни со кој од кланот на Лука Бојовиќ и покојниот Лука Ѓуровиќ била блиска, зошто се верува дека била блиска со еден од членовите на оваа белградска криминална група.
-Знаеме дека има контакти со членовите на групата на Лука Бојовиќ, велат од полиција.
Убиениот е водач на силна барска група, и среде бел ден е усмртен со снајпер, а полицијата уште нема никакви детали за тоа кој се учествувал во организацијата и логистиката на таа ликвидација.