Минатиот викенд активистичкиот хор од Скопје учествуваше на фестивалот на самоорганизирани хорови заедно со уште 5 други од Белград, Загреб и Љубљана.
Фестивалот „Вси в ен глас” минатата сабота беше домаќин на Распеаните Скопјани кои одржаа 2 настапа пред љубљанчани. На пладневниот настап на Месарскиот Мост во Љубљана хорот изведе сплет од партизански песни и го пренесе поздравот од генерал Тодор Атанасовски до соборците од антифашистичката војна.
На вечерниот настап во културниот дом „Шпански Борци”, Распеани Скопјани го затворија фестивалот со настап од 11 песни, а за првпат нивниот настап беше пропратен со видео арт под диригентската палка на Филип Јовановски – Кабе од Битола.