А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Магазин

Раперот Шон Комбс „Диди“ осуден на четири години и два месеци затвор

by А1он04/10/2025 - 09:12393
Share0

Музичкиот могул и рапер Шон Комбс „Диди“ беше осуден на четири години и два месеци затвор по две обвиненија за транспорт со цел проституција.

Следете a1on на Instagram Instagram

Судијата Арун Субраманијан го осуди Шон Комбс на 50 месеци затвор и рече дека казната е фер бидејќи ги зема предвид сериозноста на злосторствата на Комбс и олеснителните околности.

Бидејќи ќе му се пресмета времето поминато во притвор, тој ќе биде во затвор 36 месеци – или три години. Судијата, исто така, го казни Комбс со парична казна од 1 милион долари – максималната дозволена сума.

Пред да се изрече пресудата, Комбс им се извини на своите поранешни девојки, пријатели и семејството, нарекувајќи го своето однесување „одвратно, срамно и болно“. Тој рече дека неговите деца „заслужуваат подобро“ и дека како син ја изневери својата мајка.

Следете a1on на Youtube YouTube

Порано во постапката за изрекување на пресудата, помошничката на американската обвинителка Кристи Славик му рече на судијата Арун Субраманијан дека „почитувањето на законот од страна на Комбс е само празно ветување“.

Славик рече дека Комбс веќе закажал говори за следната недела, очекувајќи евентуално ослободување од затвор. „Тоа е врвот на ароганцијата“, рече Славик.

„Дури и сега, кога му е изречена пресудата за две федерални кривични дела… тој не разбира целосно како неговите постапки го доведоа тука“, рече таа.

Во моментов не е познато каде Диди ќе ја отслужи својата четиригодишна казна, но она што се знае е дека неговиот правен тим ќе се врати на суд во понеделник за да разговара за случајот.

magazinpaf didi

Би можело да ве интересира

ХАОС ВО АВИОН: Познатата актерка ја гризела стјуардесата и се обидела да ја отвори вратата среде лет

Предраг Петровиќ12/10/2026 - 19:59

(ВИДЕО) Селин Дион падна на сцената пред илјадници луѓе: Нејзината реакција стана хит на мрежите

Предраг Петровиќ08/10/2026 - 19:08

Македонски тим на олимпијадата по роботика во Јужна Кореја

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 15:17

НАСА објави неверојатна снимка од Марс: Сончевите зраци ги осветлија карпестите врвови

Предраг Петровиќ07/10/2026 - 15:0207/10/2026 - 14:35

На планета надвор од Сончевиот систем првпат забележан радио-сигнал: Што открија астрономите?

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 16:43

Ким Кардашијан откри зошто „бегала“ од љубовта пред врската со Луис Хамилтон: „Не бев подготвена“

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео