Протекоа нови информации за Шумахер: Не можеме да комуницираме како порано!

Од:

Здавствената состојба на Михаел Шумахер е една од најголемите тајни во историјата! Откако претрпе сериозна скијачка несреќа во Алпите во Франција во декември 2013 година, има минимални информации за неговото здравје.

Еден од ретките кои имаат дозвола да го посетат Шумахер е неговиот пријател и поранешен менаџер на тимот на Ферари, Жан Тод.

Неодамна тој беше во семејниот дом на Шумахер во Швајцарија. Потоа, во интервју за Радио Монте Карло даде една од ретките информации за статусот на познатиот Германец.

Тој рече дека Мајкл се борел, исто како и неговото семејство, но дека нивното пријателство повеќе не можело да биде исто, бидејќи не можат да комуницираат како порано.

– Секако, нашето пријателство не може да биде исто како што било порано. Само затоа што веќе не можеме да комуницираме како порано. Сите се многу загрижени за Михаел. Тој живее со своето семејство во куќата помеѓу Женева и Лозана. Тој продолжува да се бори и неговото семејство се бори на истиот начин – рече Жан Тод, кој верува дека неговите посети му помагаат на Шумахер да има позитивни мисли.

На крајот, само позитивни мисли му помагаат. И неговото семејство е позитивно во психичка смисла, и покрај околностите.

Минатиот месец неговата сопруга, Корина, даде една од малкуте информации за Михаел Шумахер.

“Михаел е борец и тој никогаш нема да се откаже”, рече Корина.

Фановите на Шумахер нетрпеливо го чекаат документарниот филм Михаел Шумахер, каде што за прв пат ќе бидат објавени подетални информации, како и интервјуа од членовите на семејството за состојбата со легендата на Формула 1.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Енрике Иглесијас се забавува со ќеркичката

Тајчи: Ме силуваа пред да станам позната

„Очајната домаќинка“ Фелисти Хафман осудена на 14 дена затвор за давање поткуп

Предебела е за фотографирање, Трамп ја избегнува најмладата ќерка поради физичкиот изглед

Кошаркарскиот дрес на Барак Обама продаден за 120 илјади долари

Ќерката на милионерката Рејчел Клечер пронајдена мртва во базен