Пролетен вино-фест

Од:

Третиот пролетен Веро вино-фест ќе се одржува од 7 до 11 мај, пред отворениот паркинг простор во Веро-центарот во Скопје. Првите два дена програмата ќе почнува во 17 часот и ќе трае до 1 часот после полноќ, додека од петок забавата се поместува еден час подоцна.

– И овој пролетен Веро вино-фест го подготвуваме со особено задоволство бидејќи во најубавиот месец од годината славиме еден од најомилените пијалоци, виното. Затоа и оваа година ги поканивме најдобрите македонски винарници за сите заедно да ги вкусиме врвните вина од домашните чудотворци, да уживаме во храна направена од вешти раце, а како дигестив се некои од најдобрите музички имиња, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.

На музичкиот дел од програмата се очекува да настапат Тамбураши, Сара Мејс, Чалгии, Митан Проџект, Дани Димитровска, Жаре Бербер, М.В.П. Србија, Ајдарет, Ристо Џипси Џез, Тумбао Салса и многу други.

Влезот за сите посетители е бесплатен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Во Сараево се одржува Винофест

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ од денеска на платото пред НОБ

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска