Британскиот принц Хари денеска првпат призна дека чувствува „неверојатна нервоза“ и дека е многу загрижен кога ќе влезе во просторија полна со луѓе.
Хари зборува на едно специјално направен видео клип, како дел од кампањата на неговата добротворна организација „Сентабејл“ за да се помогне во намалувањето на дамката на луѓето кога станува збор за ХИВ вирусот.
Во својата порака-признание ,принцот вели дека открива една своја голема тајна,признавајќи дека малкумина ќе поверуваат во неа.
– Ме обзема голема нервоза пред секој јавен настап, или говор, без разлика колкав е бројот на публиката. Иако цело време се смеам и се шегувам, во тие моменти,јас сум неверојатно нервозен, признава Хари во специјално направениот видео клип.
Клипот носи наслов „Не чувствувај срам“ и е направен и презентиран по повод денешниот светски ден за борба со ХИВ-Сидата.
Принцот Хари е коосновач на хуманитарната организација, созададена во Лесото во 2006 година, по неговиот престој во неколку земји од југот на Африка, што од Светската здравствена организација е означена како трета по големина локација во светот, по бројот на заразените, заболените и починатите лица од ХИВ-Сида.
На видео клипот, покрај принцот, за своите досега скриени тајни, зборуваат и пејачките Никол Шлезингер и Палома Феит, како и британската актерка Гема Артертон.