Принцот Чарлс за малку ќе ја откажал свадбата со Дијана

Од:

Британскиот престолонаследник Чарлс за малку ќе ја откажел венчавката со Дијана Спенсер, тврди авторката Кетрин Мејер, во својата книга „Чарлс – Срцето на еден крал“.

Лондонскиот весник „Тајмс“ веќе неколку денови објавува најинтереси делови од книгата, што ја издаде американскиот неделник „Тајм“, кои веќе предизвика бројни контроверзи во британската јавност. Книгата во книжарниците ќе се појави в четврток.

Авторката Мејер тврди дека Чарлс имал бројни дилеми околу врската со Дијана, па на само десетина часови пред да застане пред олтарот на катедрачната црква „Сент Пол“, престолонаследникот бил „многу близу“ да се откаже од свадбата.

Последната ноќ пред венчавката Чарлс им се доверил на луѓето од неговото најблиско опкружување дека е „целиот во очај“ и дека не може да се ожени со Дијана.

Проблемите настанале кога открил дека идната принцеза од Велс, со која тој беше сврешен пет месеци по сосема кусо запознавање и врска, не е „весела селанка“ како што претходно претпоставувал, туку „чувствителна, ранлива и компликувана жена“, која веќе тогаш страдала од проблеми со исхраната.

Службената резиденција на Чарлс, реагираше со отфрчање на оваа биграфска книга на Мејер. Во соопштението на Кларенс Хауз се вели дека книгата не е авторизирана, како и дека принцот Чарлс и соработниците од неговото опружување немале никаков контакт со авторката.

Повод за ваквата реакција не е само неподготвеноста и отпорот на Чарлс да се венча со Дијана, туку и другите детали кои авторката ги изнесува во својата книга.

Според наодите на Мејер, во домаќинството на престолонаследникот се живее како во „волчја дупка“ во која никој со никого не зборува и секој со секого војува. Таа тврди дека Чарлс бил близок со поранешниот ди-џеј на Би-Би-Си, Џими Савил, кому „многу му верувал и му се доверувал“, а за кого по неговата смрт се дозна дека всушност бил педофил.

Најновото продолжение во „Тајмс“ открива дека принцот рекол оти не сака повеќе да биде промотор на британската воена индустрија во пријателските земји на Блискиот Исток. Ваквото тврдење на авторката на книгата предизвика нова реакција од Кларенс Хауз, затоа што принцот Чарлс тргнува на турнеја по повеќе земји од реонот на Персискиот Залив, како специјален пратеник на кралицата Елизабета.

Авторката Кетрин Мејер ги отфрла обвинувањата и тврди дека „сосема доволно“ ги запознала Чарлс и луѓето околу него подготвувајќи го портретот на принцот за неделникот „Тајм“.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ