Принц Хари ќе се жени?

Од:

Принцот Хари планира да ја запроси својата девојка Кресида Бонас до крајот на годината, шпекулираат кралските извори.

Младиот 28-годишен принц е во врска со 24-годишната до неодамна студентка 18 месеци, но изворите тврдат дека нивниот однос е многу сериозен и оти двојката се спрема да ја објави свршувачката.

Хари гласините ги поттикна минатиот месец кога Кресида ја однесе на романтично сафари во Африка, како што во 2010. година тоа го направи и неговиот брат принцот Вилијам кој таму ја запроси Кејт Мидлтон.

– Кресида е онаа вистинската. Луѓето слушнале дека Хари зборува за Крес оти е посебна и дека спомнува свршувачка – рекле изворите.

Танчерката Кресида, неодамна дипломирала на Тринити Лабан конзерваториумот за музика и танц во Гринвич, избегнува да биде видена во јавноста, а младата двојка е посебно претпазлива кога се во прашање папараците.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ