Во Холивуд се зборува за наводно заладување на односите меѓу Селена Гомез и нејзините пријателки Тејлор Свифт и Деми Ловато, а се поради Џастин Бибер.
Како што пишува Холивуд Лајф, Тејлор не е ни најмлаку среќна поради повторното обновување на врската меѓу Џастин Бибер и Селена Гомез.
– Тејлор мисли дека нивниот однос е токсичен и и здодеа што Селена зборува едно, а потоа повторно се гледа со Џастин. Најмногу ја разочара тоа што за Сел и Џастин дознала од медиумите, истакна неименуван извор.
Пред неколку дена Деми Ловато исто така навести дека нешто не е во ред со некогаш блиските пријателки. Имено вистинска бура предизвика информацијата дека Деми повеќе не ја следи Селена на Твитер. Наводно причина за тоа е повторното зближување на Селена со Џастин Бибер кого Деми не го поднесува.
– Луѓето со тек на време се менуваат и патиштата им се разделуваат, изјави Деми во шоуто на Енди Коен.
Џастин и Селена почнаа да се гледаат во 2010 година, а веќе неколку пати прекинуваа. Како што се пишуваше, причина за тоа беа некои други девојки, кои предизвикаа внимание кај Џастин.
Како што објави ТМЗ, Селена и Џастин овој викенд го поминаа заедно возејќи се во неговиот црвен Ферари по Калабасас.