Познато е кој ќе биде водител на програмата на 96. доделување на Оскарите

Од:

На 10 март 2024 година ќе се одржи 96-тото доделување на Оскарите, традиционално во театарот Долби во Холивуд.

И овој пат програмата ќе ја води Џими Кимел, по четврти пат. Неговата сопруга, Моли МекНирни, ќе биде извршен продуцент на телевизиската емисија.

„Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите точно четири пати“, се пошегува Кимел, а извршниот директор на Академијата Бил Крамер и претседателката на Академијата Џенет Јанг изјавија дека се „воодушевени што Џими ќе се врати како водител, а Моли како извршен продуцент“.

Да потсетиме, долго време се шпекулираше дека датумот на доделувањето на Оскарите ќе биде одложен поради штрајкот во Холивуд, но сега се знае дека доделувањето на познатите награди сепак ќе се одвива според планираниот термин.

Би можело да ве интересира

Адриен Броди го собори рекордот за најдолг говор на Оскарите

А1он

(ФОТО) Деми Мур по поразот на Оскарите побегна да јаде помфрит

А1он

Најлошите филмови што добија Оскар

А1он

Шпанката Карла Софија Гаскон е првата трансродова актерка номинирана за Оскар

А1он

Оскари: Мјузиклот на Емилија Перез доби најмногу номинации, па следуваат „Бруталист“ и „Злица“

А1он

Номинациите за Оскар повторно одложени, Академијата објави нов датум

А1он