Во Македонската опера и балет претстојниот викенд ќе се одржи 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“. В сабота и недела на репертоарот на фестивалот се планирани шест претстави со почеток од 11, 13 и 19 часот.
Љубителите на детската музика ќе имаат можност да слушнат 15 нови песни, да се дружат со солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“ и со главниот водител на манифестацијата, маскотата „Поки“.
Од организаторот Пап Продукција, најавуваат дека се преостанати уште малку билети. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс.