Полусестрата на Дру Баримур пронајдена мртва

Од:

Џесика Баримур, полусестрата на актерката Дру Баримур е пронајдена мртва во својот автомобил, само неколку дена пред својот 48 роденден, пишува „The Independent“.

Џесика Баримур (47), полусестрата на глумицата Дру Баримур, е пронајдена мртва во својот автомобил, а полицијата се сомнева дека несреќната Џесика извршила самоубиство, бидејќи на седиштето покрај неа се пронајдени неколку шишиња со различни таблети.

Имено, безживотното тело на Џесика е пронајдено во Нешионел Сити, во близина на Сан Диего, а вистинската причина за смртта ќе ја потврди аутопсијата која веќе е закажана.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено од случаен минувач, а жената која ја пронашла Џесика веднаш ја повикала полицијата.

Џесика Баримур е ќерка на Џон Баримур, кој е и татко на Дру Баримур, од неговиот трет брак со Нина Вејн.

Би можело да ве интересира

Почина пејачката Љупка Димитровска

Емир Латифовиќ

Роберт де Ниро е првиот добитник на наградата Почесно срце на Сараево

Емир Латифовиќ

Нора Џонс роди уште еден син, и понатаму останува тајна идентитетот на таткото

Емир Латифовиќ

Џони Деп и Ванеса Паради заедно на Карибите

Емир Латифовиќ

Ештон Качер ќе стане татко по вторпат

Емир Латифовиќ

Усните на Мег Рајан хит на социјалните мрежи

Емир Латифовиќ