Полицијата морала да интервенира во домот на актерката Тори Спелинг

Од:

Полицијата морала да интервенира во домот на актерката Тори Спелинг (44), која вчера претрпела нервен слом.

Соседите на Спелинг изјавија за новинарите дека пред полициската интервенција нејзиниот сопруг, 51 годишниот Дин Мекдермот, бил пред куќата и изгледал крајно вознемирено. Се претпоставува дека Мекдермот ја повикал полицијата да ја смири актерката која е најдобро позната по својата улога во тинејџерската серија Беверли Хилс 90210.

Ова не е првпат на ќерката на познатиот продуцент Арон Спелинг Спелинг да и е неопходна помош. Таа неколку пати беше хоспитализирана откако во 2013 година дозна дека Мекдермот имал вонбрачна врска. Двајцата рекоа дека работат на тоа да го спасат бракот во интерес на нивните пет деца.

Би можело да ве интересира

Најбогатата од серијата „Беверли Хилс“ заврши во камп прикола заедно со децата

Предраг Петровиќ