Над 40 врвни вина, вкусна храна и добра музика ќе бидат дел од осмиот Вино-Скоп што ќе почне вечерва и ќе трае до недела на плоштадот Карпошово востание во Скопје.
Организаторите најавија богата музичка програма со настапи на Хроматик поинт, битолчаните Фолтин, Тоа е тоа – бенд составен од музички имиња од легендарните Конкорд, Лева Патика, Цилиндар, Митан проект со Андријана Јаневска, Калевала, Чалгии, Браќата Тавитијан и проектот „Македонското срце чука во 7/8“, Дани Димитровска, младиот и перспективен рок бенд од Тетово ХХЛ, мајсторот на ноќните свирки Бени Шакири и Нон Стоп, Дарио, ска панк бендот Офчестра од Приштина, Само Тони и Две Жени – лудо кабаре шоу – кавер и комедија, Миле Кузмановски,…
Публиката ќе може да ужива и во изведбата на двојните победници на Гуча, Србија – Уска Кан оркестра, прогласени за најдобар меѓународен оркестар за 2014, Маријан Мониќ – млада ѕвезда од хрватската естрада во придружба на гитаристот Кристијан Ковач, Куку Леле, Бета Хаус, Благица Павловска, актерот Тони Михајловски и Скандал састаф, како и ди-џеј Тина со тематски целодневни забави.
Целта е да се промовира македонското вино и традицијата на производство.