Почна „Вино Скоп 2016“

Од:

На плоштадот „Мајка Тереза“ пред Македонска опера и балет синоќа почна јубилејниот 10. фестивал на виното „Вино Скоп 2016“.

До недела, 2 октомври, посетителите ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели – сангрија и вино мохито. Ќе има и вкусни мезиња од македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомесни производи.

„Вино Скоп“ ќе понуди музичка за сите вкусови, џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и  шлагери. Предвидени се настапи на Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили,…

Влезот како и секоја година е бесплатен, а ќе биде отворен за посетители од 12 часот до доцните вечерни часови. Плаќањето на виното е со фестивалски бонови, кои  може да се купат на влезовите на фестивалот.

За реализација на „Вино Скоп“ што традиционално го организира „Темов“, Градот Скопје издвои 700.000 денари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Вино, деликатеси и многу музика на „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска