Почна фестивалот на виното „Вино скоп 2015“

Од:

Кај спортската сала „Борис Трајковски“ синоќа е отворен 9. Фестивал на виното „Вино скоп 2015“ кој ќе трае до 4 октомври.

Otvoranje Vino skop 2015 (1)

За време на фестивалот посетителите ќе уживаат во вината од над 20 македонски винарници, а ќе можат да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито. Покрај виното, ќе може да се вкусат и македонските деликатеси како кашкавал, сирења, скара и сувомеснати производи. За првпат годинава има и веган штанд.

Otvoranje Vino skop 2015 (3)

На фестивалот се присутни винарниците Тиквеш, Картал, Стоби, Повардарие, Визба Валандово, Лозар, Дудин, Бовин, Сковин, Пивка, Шате Сопот, Далвина, Камник и Винотека Темов.

Otvoranje Vino skop 2015 (4)

Фестивалот го отвориди џеј Тина, а по неа следуваа Chill Play, Eye Cue, Тајзи и гостите Бојан Маровиќ и Дејан Цукиќ-Цуки.

Плаќањето на „Вино Скоп“ се врши со бонови, кои може да се купат на влезовите на фестивалот.

Otvoranje Vino skop 2015 (5)

На отворањето присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

За реализација на фестивалот, Град Скопје одвои 500.000 денари од буџетот. Фестивалот традиционално го организира „Темов“.

Otvoranje Vino skop 2015 (6)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Техниката ги изнервира Студени нозе на „Виноскоп“: Како ќе идеме даље бе љубави не зае*авајте

Ана Ололовска

Почнува фестивалот на виното во Скопје

Ана Ололовска

„Skopje Wine Expo“ ја продолжува традицијата на Вино Скоп

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почнува „Вино Скоп 2017“

Ана Ололовска

Почна „Вино Скоп 2016“

Ана Ололовска