Само осум месеци откако почина пејачот Халид Бешлиќ, по долго и тешко боледување почина и неговата сопруга, Сејда.
Босанските медиуми пишуваат дека е тешко да се опише нивната љубов со зборови, а можеби најдобро ја опиша Халид.
Иако во текот на својата кариера испеа десетици безвременски хитови, честопати им велеше на своите пријатели: „Сејда е мојата најголема песна“.
„Во секоја од песните на Бешлиќ за љубовта и копнежот, имаше барем малку од Сејда. Не е случајно што последната песна што Халид ја објави пред неговата смрт се викаше Сејда“ пишуваат медиумите во БиХ.
Иако ретко се појавуваше во јавноста, велат Сејда беше негово засолниште на мир и поддршка во текот на целиот негов живот. Во брак беа 48 години.
Таа беше со него во најубавите, но и најтешките моменти по тешката сообраќајна несреќа, во годините што донесоа нови предизвици и кога рефлекторите се изгаснаа.
Бидејќи целиот свој живот го поминаа заедно, Халид и Сејда ќе бидат погребани еден до друг.
Многумина веруваа дека Халид треба да почива во Алејата на великаните, но легендарниот пејач сакаше поинаку.
Тој сакаше неговата Сејда да биде до него.
