Почина режисерката Еленор Копола, сопругата на Френсис Форд Копола

Од:

Американската режисерка Еленор Копола, сопругата на Френсис Форд Копола, почина на 88-годишна возраст, во својот дом во Калифорнија.

Таа е родена во мај 1936 година во Лос Анџелес. Дипломирала применет дизајн на Универзитетот во Лос Анџелес.

Во 1992 година освоила награда Еми, а подоцна режирала романтични комедии. Нејзината визуелна уметност привлекуваше огромно внимание низ галериите и музеите.

Го запознала Копола за време на снимањето на хорор филмот „Деменција 13“. Се венчале во 1963 година.